ФИФА: Куртоа, Боно и Мартинес во трката за најдобар светски голман во 2022 година

фото: EPA-EFE/Dmitry Lovetsky

Аргентинецот Емилијано Мартинес, Мароканецот Јасин Боно и Белгиецот Тибо Куртоа се финалисти за наградата на ФИФА за најдобар голман во 2022 година, објави Меѓународната фудбалска организација.

Мартинес ја освои шампионската титула со Аргентина на Светското првенство, а беше прогласен и за најдобар голман на турнирот. Боно ја предводеше репрезентацијата на Мароко, која го направи најголемото изненадување на Мундијалот, со што стана првата африканска селекција која се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.

Реал Мадрид минатата година ја освои Лигата на шампионите, а Куртоа беше најзаслужен за освојувањето на 14 европска титула на „кралевите“.

ФИФА ги објави и финалистите во женска конкуренција. За најдобар женски голман ќе се борат Германката Ен-Катрин Бергер, Англичанката Мери Ерпс и Чилеанката Кристин Ендлер.

Финалистите за наградата за најдобар играч и најдобар гол ќе бидат познати во петок, додека имињата на финалистите за најдобар тренер ќе бидат објавени во четврток.

Победниците ги одредува меѓународно жири составено од актуелните селектори на сите женски и машки репрезентации, капитени на националните тимови и специјализирани новинари од секоја земја. Церемонијата на доделување на наградите на ФИФА ќе се одржи на 27 февруари во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот