ФФМ: Согласно протоколите ќе продолжи фудбалот во нашата земја!
Како што најавуваат од Фудбалската федерација на Македонија претстојниот викенд продолжуваат натпреварите од МФЛ.
Препорачано
Натпреварите првично беа закажани за 31 октомври и 1 ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „ковид-19“.
ФФМ ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ.
– Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата ковид-19 – известуваат од федерацијата.
На 7 ноември (сабота) во рамките од Првата лига се закажани дуелите од 11 коло, а в недела (8 ноември) ќе се играат натпреварите од 10 коло во Втората лига – Запад и Втората лига – Исток.


