ФФМ: Клубовите од вторите и третата лига нема да плаќаат котизација

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесена е одлука за ослободување од плаќање котизација на екипите од Втора МФЛ – Исток, Втора МФЛ – Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021.

„Ослободувањето од котизација за екипите од Втора МФЛ и Трета МФЛ, Управниот одбор на федерацијата ја донесе како една од суштинските мерки во соочувањето на фудбалските клубови во нашата држава со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус“, објави ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија, минатата година, ги ослободи од плаќање котизација за учество во Првата македонска фудбалска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот