Фото: ФФМ

ФФМ ја казни Шкендија Арачиново за инцидентот во кој редар шутна фудбалер на Брегалница

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука за казна за Шкедија Араачиново за инцидентот во кој лице од редарската служба удри фудбалер на Брегалница.

Тимот на Шкендија е казнет со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари в о купот или првенството, а освен тоа ќе плати и казна од 4.000 евра.

Казна заработи и комесарот за безбедност на Шкендија Арачинново кој е суспендиран на една година.

На седницата беа донесени одлуки за суспензии и за уште неколку фудбалери за постапките во претходните натпревари.

– Дамјан Стојковски, ФК Осогово – забрана за настап на еден натпревар.

– Кристијан Чурлинов, ФК Шкендија Арачиново – забрана за настап на еден натпревар.

– Ферди Исмаили, ФК Шкупи 1927 АД – забрана за вршење функција во траење од две години.

– Ајдари Шкелќим, ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од три месеци.

– Даниел Карчески, ФК Брегалница – забрана на настап на два натпревари.

– Јасир Беќири, ФК Шкендија Арачиново – забрана на настап два натпревари.

ВИДЕО | Скандал на дербито во Втора лига: Редар шутна фудбалер на Брегалница

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот