Фернандез: Ограничувањата за движење во Аргентина ќе бидат продолжени уште две недели

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Досега во Аргентина се потврдени 820 инфекции со коронавирусот, а 20 лица завршија фатално.

Широките ограничувања за движење во Аргентина ќе бидат продолжени за уште две недели, јави ДПА.

-Мерките ќе важат најмалку до Велигден, изјави претседателот Алберто Фернандез.

„Ова е војна против невидлив непријател”, изјави Фернандез и додаде дека „е убеден дека ќе имаме, добри резултати доколку го почитуваме карантинот”, додае германската агенција .

Досега во Аргентина се потврдени 820 инфекции со коронавирусот, а 20 лица завршија фатално.

Ограничувањето за движење првпат беше воведено на 20 март, со наредба луѓето да не ги напуштаат своите домови. Единствено беа дозволени куси излегувања до блиските продавници за храна и средства за заштита.

Изолацијата не важи за лекарите, полицијата, како и работниците во здравството, прехранбениот и нафтениот сектор, како и логистиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот