Фото: Профимедиа

„Фереро“ нема да откупува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на „Нутела“ низ целиот свет

Турскиот пазар на лешници е во проблеми бидејќи италијанската компанија Фереро, производител на кремот „Нутела“, привремено го суспендираше купувањето лешници од оваа земја. Купувањето беше суспендирано бидејќи залихите на лешници беа намалени и бидејќи цената на лешниците нагло се зголеми. Весникот „Фајненшл тајмс“ пишува дека причините за зголемувањето на цените се мразот и штетниците што го нападнаа овој орев претходно оваа година. Во Турција годишно обично се произведуваат помеѓу 600.000 и 700.000 тони лешници, што е две третини од глобалната понуда. Сепак, се претпоставува дека производството оваа година ќе биде помало од 500 илјади тони или дури и помалку.

Гиленс Хекинг, основач на британската компанија за увоз на лешници CH Hacking & Sons, изјави дека цената на турските излупени лешници се зголемила од 9.000 на 18.000 долари по тон од јули.

Малите производители во Турција наводно ги задржуваат своите залихи, отфрлајќи ги ниските откупни цени на Фереро. Од друга страна, италијанската компанија го продолжува откупот, чекајќи стабилизација на цените на лешниците. Марко Бота, раководител на одделот за набавка на лешници на Фереро посочи дека компанијата моментално го набавува лешникот од Чиле и Соединетите Американски Држави, каде што го прошириле својот производствен капацитет во последните две години. Сепак, тој уверува дека се посветени на долгорочни инвестиции во Турција, дури и без формални договори со Турската комисија за житарки (TMO)- објави Кликс.ба.

Аналитичарите веруваат дека оваа ситуација би можела да резултира со зголемување на цената на Нутела низ целиот свет. Сепак, Ферер не сакаше да коментира за можноста за зголемување на цената на популарниот чоколаден крем.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот