Феноменот Роналдо го купи клубот во кој ја започна кариерата

Роналдо моментно е сопственик на Крузеиро каде ја започна кариерата/ фото: ЕPA/JEROME FAVRE

Легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио да Лима Роналдо, стана сопственик на уште еден клуб, и тоа не било кој – туку клубот во кој ја започна неверојатната кариера.

Роналдо го купи мнозинскиот пакет акции на бразилскиот Крузеиро од Бело Хоризонте, но засега не е познато колку го чинеше оваа трансакција.

– Многу сум му должен на овој клуб, тука ја започнав професионалната кариера и тоа е нешто што не се заборава. Пред нас е многу работа, но желбата на сите ни е повторно да го направиме Крузеиро голем – изјави Роналдо.

Роналдо професионалната кариера ја започна токму во Крузеиро, по што во 1994 година се пресели во ПСВ, а подоцна во кариерата играше и за Барселона, Интер и Реал Мадрид.

Бразилецот во 2018 година за сума од 30 милиони евра ги откупи мнозинскиот пакет акции во Ваљадолид, екипа која моментно настапува во втората шпанска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот