Фенербахче повторно во „бизнис“ со Наполи?

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Шпанскиот напаѓач Каљехон има договор со италијанскиот фудбалски клуб од „Сан Паоло“ до 30 јуни 2020 година и наскоро ќе биде слободен агент.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, турскиот фудбалски гигант е подготвен да се бори за потписот на Хозе Каљехон.

Овој напаѓач на Наполи има договор со клубот до 30 јуни 2020 година и наскоро ќе биде слободен агент.

Фенербахче е сериозно подготвен да ги обезбеди услугите на шпанскиот интернационалец кој до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот имаше 32 натпревари за калчолигашот од Неапол со два голови и девет асистенции.

Да потсетиме дека на „Сан Паоло“ токму од Фенер дојде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Од Наполи исто така се шпекулира дека можно е му понуди нов договор на Дрис Мертенс чиј договор исто така истекува на 30 јуни 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот