Фекир го откачи Наполи и замина во Шпанија

EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Набил Фекир кој минатото лето беше пред трансфер во Ливерпул, конечно го напушти Олимпик Лион и изненадувачки кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.

Иако Наполи се надеваше дека ќе успее да дојде до потписот со францускиот репрезентативец, тој се одлучи да потпише за Бетис. Францускиот тим за продажбата на Фекир ќе добие помеѓу 20 и 25 милиони евра, а фудбалерот ќе потпише четиригодишен договор со Бетис. На Олимпик Лион ќе му припаднат и 20 проценти од идниот трансфер на Фекир.

Фекир веќе пристигна во Севиља каде го очекуваат лекарските прегледи пред да потпише за шпанскиот прволигаш. Доаѓањето на Фекир во Бетис ќе значи и заминување на Џовани Ло Селсо во Тотенхем. Шпанскиот тим упорно ги одбиваше понудите на Тотенхем се додека не ја пронајде неговата замена. Англискиот тим е подготвен да плати фури 70 милиони евра за да дојде до услугите на Ло Селсо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот