Фазлагиќ и Жилина поблиску до плеј-офот во УЕФА Конференциската лига

Македонскиот фудбалер Енис Фазлагиќ во дресот на Жилина/Фото: Facebook/MŠK Žilina

Започнаа натпреварите од третото квалификациско коло во новоформираното УЕФА натпреварување, Конференциската лига, Жилина како гостин триумфираше кај Тобол со 0:1.

За гостите целиот меч во Казахстан го одигра македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ, а за домаќините сета минутажа против Словаците ја доби Алекса Амановиќ кој заработи и жолт картон.

Стрелец на единствениот гол беше Гоно во 27 минута после асистенцијата на Дурис.

Реванш средбата ќе се игра на 12 август, а победникот од овој двомечот во плеј-офот како последна пречка на патот кон групите ќе биде поразениот од Јаблонец – Селтик (3. квалификациско коло, Лига Европа), а по првите 90 минути Чесите загубија од Шкотите со 2:4.

Во другите средби Сочи ремизираше со Партизан (1:1), а со истиот резултат завршија и мечевите КуПС-Астана и Локомотив Пловдив-ФК Копенхаген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот