фото: EPA-EFE/Filip Singer

Фаворитите за титулата го отвораат осминафиналето во Лигата на шампионите

Од денеска, 13 февруари, продолжува сезоната во најелитното фудбалско клупско натпреварување.
Лигата на шампионите во 2024 година започнува од осминафиналето, во вторник ќе играат ФК Копенхаген – Манчестер сити и Лајпциг – Реал Мадрид, а во среда Лацио – Баерн и ПСЖ – Реал Сосиедад.

Останатите четири средби од првите осминафинални средби ќе се играат следната недела.

Распоредот донесе веднаш интересни пресметки веќе на првиот ден. Манчестер сити ја има можеби најлесната задача во оваа фаза, а во исто време игра и најголемиот ривал во нападот на титулата, Реал Мадрид.

Лига на шампиони, распоред за осминафинале

Вторник, 13 февруари:
21:00 ФК Копенхаген – Манчестер сити
21:00 РБ Лајпциг – Реал Мадрид

Среда, 14 февруари:
21:00 ПСЖ – Реал Сосиедад
21:00 Лацио – Баерн Минхен

Вторник, 20 февруари:
21:00 Интер – Атлетико Мадрид
21:00 ПСВ – Борусија Дортмунд

Среда, 21 февруари:
21:00 Порто – Арсенал
21:00 Наполи – Барселона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот