Фото: ФК Брегалница

Фаворитите без грешка во ВМФЛ, Брегалница остана лидер

Тимот на Брегалница продолжува сигурно да чекори во Втората лига, откако пред својата публика убедливо ја надигра Слога Виница со 4-1 и го задржа лидерското место.

Штипјани рано го отворија резултатот преку Дино Михолов, но гостите брзо возвратија, Давид Спасов донесе израмнување. Сепак, домаќините до паузата повторно ја презедоа контролата со погодокот на Аљбан Мемеди, а во второто полувреме дилемите околу победникот ги разрешија Стефан Костов и Бранимир Иванов.

Во трката за самиот врв не попушта ниту Охрид, кој освои важни бодови на гости против Тетекс (2-1). Иван Глигоров и Ерен Парталко беа стрелци за гостите, додека Али Хисар го постигна единствениот гол за домашниот состав.

Сигурен настап имаше и Скопје, кој триумфираше на теренот на Преспа со 2-0. По израмнето прво полувреме, „пиратите“ го скршија отпорот со два брзи погодоци преку Виктор Ангелов и Мердиан Рамадани.

Минимална, но вредна победа запиша и Шкендија Арачиново, која славеше на гостувањето кај Кожуф. Херој на натпреварот беше Фикрет Ливарека со голот во самиот финиш, во 84. минута.

По ова коло, Брегалница останува на врвот со 61 бод, додека Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново имаат по 59 и ја прават битката за промоција уште понеизвесна. До крајот на сезоната преостануваат четири кола, а влогот е голем – директен пласман обезбедува само првопласираниот, додека вториот и третиот ќе мораат преку бараж да бараат пат до елитата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот