фото: facebook.com/bfrsm.mk

Фати Весели со трофејот на традиционалниот боречки турнир „Македонски Бисер“

Во Скопје по 49 пат се организираше традиционалниот меѓународен турнир во борење „Македонски бисер“.

Освојувач на трофејот е Фати Весели, додека Реџеп Хајдари беше прогласен за најдобар домашен борач.

Георги Иванов од Бугарија беше најдобар странски борач кој е и европски шампион до 23 години.

На овој турнир имаше многу интересни борби и доста голема посетеност.

Имаше натпреварувачи од Бугарија, Албанија, Косово, Грција, Хрватска, Србија и Македонија со А и Б репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот