Фото: МИА

Фатени маж и жена од Неготино кои украле 30.000 евра од куќа

Маж и жена од Неготино, на возраст од 50 и 36 години, се уапсени вчера под сомнение дека украле 30.000 евра од домот на брачна двојка од градот, соопшти МВР.

„На 07.08.2025 во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино. Со судска наредба бил извршен претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2.320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата. Додека, денеска (08.08.2025) со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т.(34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени 2.485 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот