ФАО: Следната пандемија може да предизвика опорност на микроорганизмите на лекови

Микроорганизмите се сè поотпорни на лекови и проблемот може да стане извор на нова пандемија, со сериозни импликации врз здравјето на луѓето, земјоделско-прехранбените системи и економијата, предупреди Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Микроорганизмите стануваат поотпорни на лекови и процесот се забрзува со зголемената употреба на препарати за нивно уништување кај луѓето, животните и земјоделските култури, соопшти ФАО по повод Светската недела на свеста за заразни болести – 18 до 24 ноември.

Најмалку 700.000 луѓе годишно умираат од заразни болести на респираторниот тракт, уринарниот систем и сексуално преносливи болести, кои сè потешко се лекуваат поради отпорност на лекови, потсетува агенцијата на ОН.

Отпоротноста на лекови е исто така се поприсутена во земјоделско-прехранбените системи и ја загрозува глобалната безбедност на храната, соопшти ФАО.

„Низ целиот свет, луѓето, животните и растенијата веќе умираат од инфекции кои не можат да се третираат дури и со најсилните антимикробни лекови”, нагласуваат тие.

– Ако не се реши проблемот со отпорност на лекови на микроорганизми, следната пандемија со која ќе се соочиме може да биде бактериска и многу поубиствена, поради лекови што веќе не дејствуваат, рече заменик-генералниот директор на ФАО, Марија Хелена Семедо.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот