ФАО: Афиканската свинска чума се шири низ Европа и Азија

Африканската свинска чума, високо заразна болест кај свињите, се проширува низ Европа и Азија, наштетувајќи им на земјоделските стопанства и нарушувајќи ги пазарите и трговијата.

Без ефикасно вакцинирање против болеста – соработката, заедничкото дејствување и будноста на земјите е единствениот начин за контролирање на нејзино ширење.

Денешната обука за обучувачи која ја спроведува ФАО во Приштина, Косово, придонесува за подобра подготвеност на балканските земји со обезбедување техничко знаење за ветеринарите на терен.

По обуката, учесниците кои доаѓаат од Албанија, Косово и Северна Македонија им го пренесуваат знаењето на своите колеги со реплицирање на обуките во различните делови од нивната земја. Експерти за африканска свинска чума од ФАО и Институтот Фридрих Лофлер ќе го водат еднодневниот настан.

Програмата на обуката ги опфаќа основите на Африканската свинска чума, како болеста влијае на домашните и дивите свињи, земање мостри и лабораториска дијагностика за откривање на болеста, епидемиолошка истрага, превенција, биосигурност, реакција и контрола. Откривање и контрола во диви свињи е исто така опфатено во рамки на обуката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот