Ф1, Хамилтон: Ќе биде многу тажно без гледачи на трибините

Светскиот шампион вели дека поради ваквата ситуација за возачите ќе биде уште полошо од тестовите…

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон го сподели своето мислење за одржувањето на трките во Формула 1 пред празни трибини поради пандемијата на коронавирус.

Според светскиот шампион патеките како Силверстон и Монца ќе изгледаат многу тажно без гледачи на трибините.

Како и да е, задоволен сум од пораките на навивачите ширум светот кои велат дека ги очекуваат трките. Ова укажува на улогата на нашиот спорт во нивните животи. Не знам дали ќе биде интересно да ги гледам трките на празни трибини, но ова е во секој случај подобро од ништо. Точно, за нас ќе биде уште полошо од тестовите. Иако имаше навивачи дури и во февруари на тестовите во Барселона. Секако, ми недостасува трката, со нетрпение очекувам да започне почетокот на сезоната – рече Хамилтон.

Британецот додаде дека ваквите моменти ги тераат да ја ценат работата и да ја сакаат уште повеќе, дава енергија и инспирација да се продолжи професионално.

Раководството на Ф1 планира да ја започне сезоната со две трки во Австрија на 5 и 12 јули 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот