Еврозоната со пад на БДП во првиот квартал од 3,6 отсто

Ова е најостар квартален пад откако се спроведуваат ваквите статистички пресметки од 1995 година.

Според најновите податоци на „Евростат“, БДП во првиот квартал во еврозоната оваа година забележа пад од 3,6 отсто во однос на претходниот квартал, додека БДП на Европската унија од 27 членки бележи пад од 3,2 отсто.

Ова е најостар квартален пад откако се спроведуваат ваквите статистички пресметки од 1995 година.

Во споредба со истиот квартал претходната година, БДП бележи пад од 3,1 отсто, додека на ЕУ тој изнесува 2,6 проценти. Тоа всушност е и најголем квартален пад од третиот квартал во 2009 година за време на глобалната економска криза.

Меѓу членките на ЕУ, најголем пад во првиот квартал имаат Франција и Италија, со 5,3 отсто, и Шпанија и Словачка со 5,2 проценти. Најголем раст забележа Ирска од 1,2 проценти, како и Бугарија и Романија по 0,3 отсто, се вели во статистиките на „Евростат“.

Видео на денот