Европското првенство ќе се игра само во една земја!?

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Коронавирусот драстично ги промени плановите на УЕФА кога е во прашање организирањето на следното Европско првенство. Истото годинава требаше веќе да биде завршено, но поради пандемијата на коронавирус е презакажано за наредната 2021 годинa (11 јуни-11 јули).

Јавноста кај нас се надева дека на тој континентален собир ќе се најде и најдобрата македонска репрезентација, а за таков историски успех е потребен триумф на 12 ноември во Тбилиси против Грузија.

Во меѓувреме светските медиуми шпекулираат дека можно е ЕП наместо во повеќе градови ширум Европа, да се игра во само една земја.

Како потенцијален организатор на овој настан се одвојува Русија која ги има сите услови за одржување на Европското првенство, барем така информира францускиот „Ле Паризиен“

Потсетување дека доколку нашата селекција триумфира против Грузијците, автоматски ќе биде сместена во групата „Ц“ со Холандија, Украина и Австрија. Како што е најавено мечевите од оваа група ќе се играат во Букурешт и Амстедам.

Потоа, групата „А“ (Турција, Италија, Велс, Швајцарија) во Рим и Баку, групата „Б“ (Данска, Финска, Белгија, Русија) во Копенхаген и Ст. Петерсбург, групата „Д“ (Англија, Хрватска, Чешка, Србија/Шкотска) во Лондон и Глазгов, групата „Е“ (Шпанија, Шведска, Полска, Северна Ирска/Словачка) во Даблин и Билбао, и групата „Ф“ (Португалија, Франција, Германија, Унгарија/Исланд) во Будимпешта и Минхен. Ваквата идеја да се игра во повеќе градови дојде со цел да се прослави 60 години постоење на еврошампионатите.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин пред две недели најави дека можно е ЕП да се одржи во пет, три или само една земја.

Русија успешно пред две и пол години го организираше Светското првенство, а нејзината предност воедно е и тоа што ситуацијата со коронавирусот е многу подобра во однос на останатите држави каде што треба да се организира Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот