Европски совет во Брисел/ Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL MAXPPP OUT

Европскиот совет воведе санкции против осуммина Иранци поради сериозни кршења на човековите права

Европскиот совет во вторник соопшти дека вовел санкции против осум лица и еден субјект од Иран поради „сериозни кршења на човековите права“ и „транснационална репресија“, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се вели дека тие се одговорни за злоупотреби во име на иранските државни тела надвор од Иран, особено вонсудски, кратки и произволни егзекуции и убиства, како и присилни исчезнувања на луѓе кои се сметаат за противници или критичари на Исламската Република Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот