Европската Унија објави оглас за преведувачи на македонски јазик

На веб-страницата на Европската Унија објавен е повик за професионални толкувачи на македонски јазик кои ќе бидат ангажирани во Европскиот парламент, Европската комисија или Европскиот суд на правдата. По тој повод, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ги повика сите заинтересирани македонски толкувачи да се пријават на огласот и со тоа да придонесат кон професионално толкување и промоција на македонскиот јазик низ институциите на Европска Унија.

– Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот и организираат тестирања за акредитација на конференциски толкувачи со македонски јазик (МК) како А-јазик -напиша Маричиќ на социјалните мрежи.

Повикот кој е објавен на веб-страницата на ЕУ е отворен до 19 јануари идната година.

Објавувањето на огласот е уште една потврда за меѓународното признавање на македонскиот јазик во рамките на европските институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот