Европа реагира: Берзанските индекси растат по ублажувањето на трговските тензии меѓу Кина и САД

Европските берзански индекси денес пораснаа откако трговските тензии меѓу Кина и САД се ублажија, бидејќи двете страни сигнализираа подготвеност за продолжување на преговорите. Во петокот минатата недела, европските и американските индекси паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе многу високи тарифи за Кина како одговор на потегот на Пекинг да воведе дополнителни контроли врз извозот на ретки минерали, објавува CNBC.

Инвеститорите денес го насочија вниманието и кон почетокот на сезоната на објавување на заработките за третиот квартал од 2025 година, при што големите европски фирми, вклучувајќи ги ASML, LVMH и Nestle, треба да ги објават своите деловни резултати оваа недела. Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,73 проценти на 24.441,57 поени, францускиот CAC 40 за 0,83 проценти на 7.982,11 поени, британскиот FTSE 100 за 0,15 проценти на 9.441,80 поени, а московскиот MOEX за 0,56 проценти на 2.603,15 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 1,9 проценти на 45.479,60 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 2,71 процент на 6.552,51 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 3,56 проценти на 22.204,43 поени. Европските фјучерси за гас за ноември беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 32.150 евра за мегават-час. Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 59.754 долари, а цената на нафтата од типот Брент се искачи на 63.635 долари.

Цената на златото се искачи на 4.071,53 долари за унца, а цената на пченицата падна на 4,9832 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16024 долари, што е за 0,12 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот