Европа пред нова должничка криза: Мал просторот за намалување на трошоците

европски парламент европа знамиња европски знамиња на европа
Знамиња на земјите-членки на ЕУ / EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Глобалниот БДП нема да се врати на нивото пред корона кризата до 2022 година, а нивото на јавниот долг нагло ќе се зголеми оваа година, се вели во најновиот извештај на „Economist Intelligence Unit“.

Застојот во светот кој беше предизвикан поради мерките против ширењето на корона вирусот ги отежна економските активности, а владите мораа да трошат билиони долари за фискален поттик работејќи притоа со намалени приходи и зголемени здравствени и социјални трошоци.

Во извештајот се наведува дека владите во голем број развиени земји, како што изгледа, извлекле заклучок дека зголемената јавна потрошувачка, а со тоа и зголемување на јавниот долг, е подобра опција од „големо уништување на производствените капацитети“ предизвикано од пандемијата. Тоа значи свесно и неизбежно зголемување на јавниот долг оваа година.

Просторот за намалување на трошоците е многу мал

Иако земјите со стабилни бизниси би требало да бидат во можност да управуваат со трошоците за сервисирање на високо ниво на јавен долг на краток рок, економистите на „Economist Intelligence Unit“ истакнуваат дека владите сепак на крајот ќе мора да се соочат со насобирање на долгови.

Покрај тоа, се наведува во извештајот, владите нема да можат да ги намалат овие фискални дефицити со намалената потрошувачка.

– Строгото штедење апсорбира политички капитал и можеби нема да има доволно време да се спроведе таков план, особено имајќи предвид дека последниот период се случи „затегање на јажето“ во многу земји, велат експертите.

Уште една должничка криза

Девет години од должничката криза која ја потресе еврозоната, економистите од „Economist Intelligence Unit“ предупредуваат дека некои од развиените земји можеби повторно ќе се најдат на раб на нова криза. Особено тука се посочуваат Шпанија и Италија, кои се тешко погодени од пандемијата кои и без тоа беа на слаби финансиски позиции.

– Јужноевропските држави се уште се опоравуваат од штедењето во претходниот период, во комбинација со високо ниво на јавен долг, стареење на населението и постојаниот финансиски дефицит, се додава во извештајот.

Европската централна банка би делувала брза за да се спречи колапс, но должничката криза во било која од овие земји би предизвикала големи турбуленции на финансиските пазари. Потоа кризата брзо би се проширила низ цел свет, се вели во заклучокот од документот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот