ВИДЕО | Монако и ослабен, со неверојатен пресврт во последната четвртина го урна Анадолу Ефес
Кошаркарите на Монако денеска го победија Анадолу Ефес во 32 коло од Евролигата со резултат 98:93, и тоа без двајца од своите најдобри играчи – Мајк Џејмс и Никола Миротиќ.
Препорачано
Француската екипа дојде во Истанбул за да се соочи со Ефес само со девет играчи, но и покрај тоа, успеа да слави во многу важен натпревар.
Тренерот на Монако, Манучар Маркоишвили, не можеше да смета на Џејмс и Миротиќ поради повреди, но затоа, блескаа Стразел, Блосомгаме и Дијало, носејќи му го на Монако 18 триумф во Евролигата.
Иако турскиот претставник водеше во поголемиот дел од натпреварот, па дури и имаше двоцифрена предност во третата четвртина, Монако се врати со неверојатна серија во последната четвртина, во која постигна дури 12 поени повеќе од Анадолу Ефес.
Најмногу се истакна претходно споменатото трио – Јероен Блосомгаме, Метју Страсел и Алфа Дијало, сите тројца постигнаа по 17 поени.
На спротивната страна, Семус Хазер беше најефикасен со 26 поени. Монако моментно е седми на табелата со учинок од 18-14, додека Анадолу Ефес е на 18 позиција (10-22).
Евролига, 32 коло
Четврток
Валенсија – Барселона 62:66
Анадолу Ефес – Монако 93:98


