Евролига: Црвена звезда на „крилјата“ на Теодосиќ го урна Макаби Тел Авив

Милош Теодосиќ („Црвена звезда“) на натпреварот против Макаби/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда остварија победа против Макаби Тел Авив во натпреварот од 16 коло во Евролигата со 98:92.

Првата четвртина беше рамноправна, а тоа најдобро го покажува резултатот од 20:20 на семафорот.

Потоа, белградските „црвено-бели“ одиграа многу подобро во втората и третата четвртина кои им беа доволни за стекнување на солидна предност.

Втората четвртина српската екипа го доби со 31:22, а тоа значеше дека на одмор оди со позитива од 51:42.

Играчите на Црвена звезда блескаа и во третиот период, а во последните 10 минути влегоа со водство од 14 коша разлика.

Израелците беа подобри во последната четвртина (27:19), но не доволно за да направат целосен пресврт на овој меч.

Во победничките редови доминираше Теодосиќ со 27 поени и 14 асистенции, следен од Боломбој со 20 поени. На спротивната страна Болдвин забележа 22 поени, а два помалку Браун (шест асистенции).

Црвена звезда е моментно на 15 позиција на табелата, додека Макаби Тел Авив е шестопласиран (9-7).

Во четвртокот се одиграа уште два натпревари: Валенсија – Виртус Болоња 79:71 и Реал Мадрид – Партизан 91:75.

Табела: Реал Мадрид 15-1, Виртус Болоња 11-5, Барселона 1-5, Партизан 9-7, Валенсија 9-7, Макаби Тел Авив 9-7, Панатинаикос 8-7, Монако 8-7, Фенербахче 8-7, Басконија 8-7…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот