Евро 2024 – Игор Карачиќ: „На нож“ против Французите

EPA-EFE/Johan Nilsson

Хрватска во вторник стартува во Главната фаза на ракометното ЕП 2024, а прв противник и е олимпискиот шампион Франција

Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ (35), кого македонската јавност го знае добро од настапите во Вардар (2012-2019), е со својата репрезентација на Европското првенство во Германија каде се подготвува за настап во Главната фаза, а во првиот дуел игра со Франција во вторник (18 ч).

Карачиќ е задоволен од досега прикажаното од Хрватите и има „рецепт“ како да се спротивстават на олимпискиот шампион.

– Против Французите мораме да играме „на нож“. Почнавме добро на турнирот, но кога ќе го погледнете, тоа е само вовед и добра увертира за она што ни претстои. Секој натпревар е како финале, нема лесен противник. Нашата група е неверојатна, но со нетрпение ја очекувам. Така треба да биде Европското првенство – вели Карачиќ, а пренесува „индекс.хр“.

Хрватска и Словенија се единствените репрезентации од нашиот регион што се пласираа во Главната фаза. Прелиминарната фаза, покрај Македонија, не успеаја да ја минат ни Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот