Еве зошто Ердоган е „Господар на ЕУ“!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е господар на Европската унија кога станува збор за миграцијата, според хрватскиот политиколог Анделко Милародвиќ, пренесува „Вечерњи лист“.

– ЕУ ќе мора да ја регулира миграцијата преку заедничка миграциска политика, така што сите земји имаат рамка за заедничка миграциска политика, а потоа и на нивните национални политики. Господар на миграција на ЕУ сега е Ердоган, со 3,5 милиони мигранти на територијата на Турција. Ако ЕУ не се придржува кон договорот за миграција или премногу се вклучи во конфликтот во Сирија, тој секогаш може да ослободи 3,5 милиони луѓе – рече Милародвиќ.

Според медиумот, тој проценил дека глобализацијата има нееднаков ефект врз светот.

– Глобализацијата, дете на големата трансформација на светот започна во доцните 80-ти години на информатичките технологии, нееднакво влијаеше на различни делови на светот. Луѓето заминуваат од деловите од светот кои што не им носат позитивни работи. Луѓето отсекогаш се движеле, но не со таква брзина, не во такви бројки и не со помош на технологии како денес. Сега се движат 258 милиони луѓе во светот. Европа е привлечна за мигрантите заради регулираните човекови права, животната средина, високиот стандард и безбедноста. Кога луѓето ќе видат преку новите медиуми како живеат во Европа, секако дека ќе дојдат – објасни Милародивиќ.

Тој додаде дека покрај економската миграција и присилната миграција, се појави и нов вид мигранти – еколошки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот