Фото: Профимедиа

Еве што се случува со вашето срце ако се туширате со ладна вода секој ден

Туширањето со ладна вода станува популарен тренд, а покрај тоа, многу луѓе едноставно уживаат во туширањето со постудена вода бидејќи температурите надвор достигнуваат 40 степени Целзиусови. Но, што велат кардиолозите за тоа?

Д-р Саџит Бхусри, кардиолог во Њујорк, објасниl за „Парада“ (Parade) дека ладниот туш позитивно влијае на кардиоваскуларното здравје со подобрување на циркулацијата.

„Кога телото е изложено на ладна вода, крвните садови се стеснуваат за да ја зачуваат топлината. Кога тоа ќе заврши, садовите се шират, што предизвикува крвта да брза низ телото. Овој процес го подобрува протокот на крв и го прави циркулаторниот систем поефикасен“, рекол д- Бхусри.

Д-р Шила Сахни, кардиолог во Хакенсак Меридијан хелт, додава дека ладниот туш накратко го забрзува метаболизмот.

„Студот ја активира кафеавата маст, која ги согорува калориите за да ја генерираат топлината, помагајќи му на телото поефикасно да ги користи шеќерот и мастите“, објаснила таа.

Дополнителни придобивки вклучуваат намалување на воспаленијата во телото, зајакнување на имунолошкиот систем и можно подобрување на нивоата на холестерол (за што се потребни дополнителни истражувања).

Важни предупредувања

Двајцата кардиолози предупредуваат дека ладните тушеви можат да бидат опасни за луѓето со постоечки срцеви проблеми.

„Ненадејниот студен шок може да предизвика брзо зголемување на срцевиот ритам, односно фреквенција и крвниот притисок“, предупредува д-р Бхусри.

Д-р Сахни нагласува дека „ако имате проблеми со срцето, ладните тушеви генерално не се безбедни“.

„Ненадејниот студ може да ги стесни крвните садови и дополнително да го оптовари срцето, што може да предизвика срцев удар кај луѓе со блокирани артерии“, објаснила д-р Сахни.

За оние кои сакаат да пробаат да се тушираат со ладна, д-р Бхусри препорачува постепено намалување на температурата на водата и кратки изложувања, од 20 до 30 секунди, наизменично користејќи топла и ладна вода.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот