Еве што му се случува на вашето тело кога ќе престанете да имате редовен секс!

Фото: Профимедиа

Во просек, Британците имаат 5.778 пати секс пред да умрат. Можеби на прв поглед бројката е огромна, но едно е јасно, секој во живото доживеал „сув“ период. Понекогаш тоа е свесна одлука на силна, независна личност но понекогаш е недостаток на интерес.

Каква и да е приказната зад тоа, немањето секс влијае на некои биолошки промени во нашите тела и психа.

1. Губење на либидото

Со либидото ситуацијата е следна: или ќе го искористите или ќе го загубите.

„Дел од луѓето кои се воздржуваат од секс се чувствуаат безволно, без виталност и желба за секс. Далеко од очи, далеко од срце е сценариото кое им се случи на некои мои пациенти“, вели секс терапевтката Сари Купер за Reader’s Digest.

За некои, пак, сексот станува прималив дури кога го нема, се покажало дека тоа е така за жени кои влегуваат во менопауза.

2. Слабеат вагиналните ѕидови

Ова важи за жените кои влегуваат во менопауза.

„Без редовни односи ,како што стареете, ѕидовите од вагината слабеат и тоа може да доведе до болки при секс“, вели Сари.

Токму затоа се препорачува редовен сексуален однос за жените да го зачуваат вагиналното здравје во текот на менопаузата.

3. Недоволна влажност

Повторно лоша вест за жените во менопауза, тоа што ја предизвикува намалената влажност е недостатокот на естроген.

„Младите жени во 20-тите и 30-тите години имаат многу естроген кој се грижи ткивата на итнимните делови да бидат здрави, еластични и навлажнети. Некоја жена на 60 години нема толку естроген, тој момент за неа е завршен. Вагиналната лубрикација се намалува со годините и доколку не се самозадоволувате, не читате еротски книги, не гледате порно филмови или немате партнер, навлажнувањето почнува да се губи многу порано“, вели Сари.

4. Менструалните циклуси стануваат полоши

Сексот во текот на циклус може да ги ублажи болките.

„Матката е всушност мускул и кај повеќето жени се стега кога ќе доживеат оргазам поради што крвта тече побргу и се намалуваат менструалните грчеви“, вели докторката Лорен Стрејчер, додавајќи дека зголемувањето на ендорфинот поради оргазмот ги намалува болките.

5. Се намалува ризикот од инфекција на уринарниот тракт

Позитивното нешто кога немате секс е намалување на опасноста од сексуално-преносливи болести и инфекции на уринарниот тракт.

6. Еректилна дисфункција

Истражување покажало дека недостатокот на секс предизвикува проблеми со ерекцијата, најчето кај повозрасните мажи.

7. Повеќе сте подложни на стрес

Сексот е облик на опуштање од стрес, па луѓето потешко со носат со секојдневниот притисок кога немаат секс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот