Еве какви последици носи изгладнувањето и брзото слабеење

profimedia

Ако се прашувате што се случува кога држите една од оние „чудесни диети“, тука може да ги прочитате одговорите кои ќе ве натераат два пати да размислите. Знаете ли дека, на пример, ризикувате дисбаланс на хормоните, нагло гоење, слабо варење на храната и уште многу други несакани последици. 

Дисбаланс на хормоните

Ако прескочите оброк доаѓа до дисбаланс меѓу хормоните. Кортизолот расте и ве прави нервозни. Инсулинот исто така расте, а потоа нагло опаѓа што доаѓа до пореметување на шеќерот во крвта па дури и до добивање на вишок килограми.

Проблеми при варењето

Вашето тело е навикнато да работи во текот на целиот ден, па кога ќе прескокнете оброк, организмот нема што да преработува и системот за варење престанува да функционира како кога имате редовни оброци. За метаболизмот и системот на варење најдобро е да имате три оброци во текот на денот и две ужини.

Задржување на масти

Со прескокнување на оброци го збунувате вашето тело. Тоа мисли дека го изгладнувате иако оброкот сте го земале порано од навикнатото. Кога тоа ќе се случи, телото почнува да складира масти за да си обезбеди гориво за наредниот период.

Го исцрпувате организмот

Со прескокнување на оброци го исцрпувате вашиот метаболизам и тоа ќе ве направи уморни и без енергија. Кога не јадете, вашиот метаболизам се забавува, а кога имате редовни оброци метаболизмот постојано работи и со тоа се забрзува. Редовните оброци ќе ви овозможат побрз метаболизам и со тоа побрзо согорување на калориите.

Станувате депресивни

Веројатно до сега сте чуле дека луѓето кои се гладни се исти како и лицата кои се лути некому. Тоа се случува поради дисбаланс на хормоните, кои прават да се чувствувате потиштено и нервозно, а на долги патеки и депресивно.

Се менува системот на размислување

Ќе се изненадите, но прескокнувањето на оброци го менува вашиот систем за размислување за храната. Во вашиот ум се создава погрешна слика дека всушност храната не ви е приоритет што дефинитивно не е добро за вашето здравје.

Доаѓа до прејадување

Последна, но не и помалку важна последица од прескокнување на оброците е прејадувањето. Прејадувањето е нешто што обично доаѓа после прескочен, на пример, ручек. Вашето тело за време на вечерата е толку исцрпено и просто плаче за калории. Тогаш обично доаѓа до прејадување, а тоа резултира со болки во стомакот и наталожување на масти и килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот