Еве како изгледа ќерката на Маја Оџаклиевска: Вистинска убавица и копија на нејзината мајка

Instagram

Нашата позната пејачка Маја Оџаклиевска важеше и сè уште важи за една од најубавите и најталентираните пејачки на забавна музика кај нас и на целата територија на поранешна Југославија.

Оџаклиевска долги години живее и работи во Србија, и иако веќе некој период се повлече од естрадата, нејзините песни уште се пејат насекаде.

Девојката која деновиве особено го привлече вниманието на македонската јавност е токму ќерката на Маја Оџаклиевска.

Многумина ќе кажат убавината е наследна – во овој случај тоа е повеќе од вистина. Андреа Оџаклиевска е вистинска убавица и копија на нејзината мајка.

Таа е многу активна на социјалните мрежи, а нејзиниот инстаграм-профил е исполнет со бројни фотографии на кои може да се забележи убавината и прекрасната широка насмевка која со сигурност ја наследила од нејзината мајка.

Знам дека ќе бидам успешна, професионална, убава жена и прекрасна мајка затоа што ги имам твоите гени. Твојата љубов и поддршка ми значи сè мамо“, напиша Андреа во описот на една фотографија што ја сподели од нејзината мајка Маја.

Маја, покрај ќерката Андреа, ја има и ќерката Теа од која го има шестгодишниот внук Лука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот