Еве како да замислите желба за таа да ви се оствари: Вака функционира Законот за остварување на желбите!

Фото: Пиксабеј

Многу едноставно! Оние кои желбите ги замислуваат на овој начин, знаат за што зборуваме…

Ќе ви откриеме тајна како функционира Законот за остварување на желбите: Се што човекот добил во животот, најпрвин го замислил во својот мозок.

Сите слики за кои размислуваме се материјализираат во нашите животи благодарение на Законот за остварување на желбите.

Се сеќавате на онаа позната изрека: „Какви ти се мислите, таков ти е и животот“, токму за тоа пишуваме.

Фото: Пиксабеј

Како правилно да си ја замислите желбата за таа да се оствари?

Исполнувањето на желбите се потпира на вербата. Ако верувате дека желбите ќе ви се исполнат, тие навистина ќе ви се исполнат. Ако постои вербата, тогаш се појавува енергија која ги трансформира мислите во реалност, иако не веднаш, но со тек на време. Се доаѓа на свое место во тоа време.

Колку желбата е посложена, толку повеќе време ви е потребно за да се оствари. На Универзумот му е потребно време. Замислите што би се случило кога секоја наша мисла во момент би се остварувала…

Често се случува да посакуваме едно, но стравот да не заплашува и да ни го поставува прашањето што ќе се случи ако се случи спротивното. Така „му даваме сила“ на овој наш страв да се оствари, па потоа се прашуваме зошто работите тргнале на лошо. Стравовите и сомнежите не бунат, не блокираат и од нив мора да се ослободиме.

Фото: Пиксабеј

Вие ја создавате својата субина!

Слободно проверете дали овој Закон за остварување на желбите функционира. Силно посакајте нешто тривијално, некоја ситница и почекајте… Дајте му шанса на Универзумот. Опишете се детално, почувствувајте ги вашите емоции и ќе се изненадите сигурно кога она што сте го посакале ќе се оствари. А потоа, само небото е граница.

Законот за остварување на желбите всушност постои во главата на луѓето, тој не е запишан на хартија и не се применува како другите закони. Со други зборови, како гледате на животот, така и ќе ви се одвива тој. Тоа значи дека секогаш треба да имате позитивни и добри мисли, верувајте и радувајте се на мали нешта, предизвикувајте среќа кај секого… навлечете ја позитивната карма на вас, па така желбите ќе ви се остваруваат полесно. Сепак ние на некој начин желбите сами си ги исполнуваме, а во тој процес потребно ни е труд, позитивна мисла, трпение и нормално храброст.

Среќно!

Видео на денот