Ева Мендес: Среќна сум и не ми недостасува актерството
Американската актерка со кубанско потекло, Ева Мендес се откажа од актерството пред речиси десет години. По подолго време, таа даде интервју за списанието „Варајети“ во кое открива дека актерството не ѝ недостига.
Моментално, таа живее среќен живот со својот сопруг, актерот Рајан Гослинг и нивните две ќерки – Есмералда Амада и Амада Ли.
„Едноставно, се уморив од борбата за добри улоги. Стигнав до момент кога помислив – сама ќе создавам можности и ќе станам продуцент кој ќе работи на сопствени проекти, но и тоа не ми изгледаше вредно“, споделила поранешната актерка.
View this post on Instagram
Сепак, Мендес смета дека, моментално, нештата се многу поразлични и дека латино девојките имаат многу подобри можности во Холивуд.
„Вистина е дека латино девојките денес имаат многу подобри можности, но кога пред десет години јас решив да го напуштам актерството, режисерите не ми нудеа ништо друго освен улоги за латино девојки. Возбудливо е да се види колку сѐ е променето, па којзнае што носи иднината. Но, засега останувам дома со моите деца“, децидна е Мендес.
View this post on Instagram
Мендес сè уште е вклучена во различни проекти, но е и еден од сопствениците на „Skura Style“, компанија за чистење кујни. Овој проект ѝ е многу важен бидејќи ѝ буди спомени од нејзиното детство кога мајка ѝ го чистела семејниот дом.
„Мајка ми ќе вклучеше кубанска музика, а јас само ќе го почувствував мирисот на детергентите за чистење. Искрено, ништо не остануваше чисто подолго време, но во тие неколку дена ние се чувствувавме многу подобро и бевме порасположени. Тогаш почна сѐ и за мене, па почнав и самата да чистам дома. Имам две мали девојчиња, така што мијалникот е секогаш полн. Не знам кога и како се заљубив во тоа, но миењето садови ми доаѓа како медитација. Сакам да го чувствувам сапунот на моите раце. Имам машина за миење садови, но ретко ја користам“, раскажала Мендес.
View this post on Instagram