Еурофарм Пелистер со убедлив пораз го стартуваше турнирот во Добој

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Maкедонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со пораз од Ал Ахли го стартуваше турнирот во „Добој“.

Пелистерци беа немоќни против египетскиот тим и загубија со убедливи 34:23. Победата на Ал Ахли беше најавена уште во првото полувреме, а на паузата македонскиот претставник имаше негатива од 15:11.

Во групната фаза на најстариот ракометен турнир на овие простори, Еурофарм Пелистер ќе игра уште со Монпелје од Франција и домашниот тим Слога Добој.

Веќе утре Еурофарм Пелистер го очекува вториот натпревар на турнирот и тоа противн Слога Добој, дуелот е закажан за 15:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот