Еурофарм Пелистер попушти во второто полувреме за четврти пораз во Европската лига

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва го доживеа и четвртиот пораз во Европската лига на ЕХФ откако беа поразени од Скандерборг Архус на гостински терен со 24:22.
Ова беше натпревар во кој битолскиот состав покажа две различни лица. Во првиот дел избраниците на Ларс Валтер играа одлично, но во вториот дел Данците покажаа квалитет и дојдоа до победата.
На стартот од мечот Еурофарм Пелистер играше брзо и ефикасно, предводени од Танковски Радовиќ и Хенеберг. Прво „пелистерци“ поведоа со 2:4, потоа водеа со 4:6, а домаќинот дојде до изедначување на 7:7. На голот македонскиот претставник го имаше фантастичниот Урбан Лесјак кој во првите 30 минути запиша дури десет одбрани.
Причината поразот Еурофарм Пелистер ќе ја бара во играта во второто полувреме. Цели седум минути не постигнаа гол, а данскиот тим знаеше тоа како да го искористи, а во продолжение се „одлепи“ и на 21:14, па тука веќе стануваше јасно кој ќе слави. До крајот битолчани успеаа само да го ублажат поразот.
Пешевски и Радовиќ со по четири гола беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер, Лесјак го заврши мечот со 12 одбрани, Кизиќ собра пет. Балинг на спротивната страна постигна седум.