Еурофарм Пелистер домаќин на данскиот Архус на жешкиот терен во Битола

фото: seha-liga.com

Еурофарм Пелистер денеска од 20.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ – Битола ќе го игра својот прв натпревар сезонава (2022/2023) во ЕХФ Европската лига, ривал е данскиот Скандерборг-Архус.

Играчите предводени од тренерот Ларс Валтер се очекува да има голема поддршка од навивачите и заедно со нив ќе атакуваат на првите бодови во рамките од групата „Д“ каде што се и екипите на Фуксе Берлин, Мотор, Бидасоа Ирун и Агуас Санташ Миланеза.

– Се подготвуваме многу добро, јако тренираме. Ја гледавме данската екипа како игра, се поставуваме да играме подобро и мислам дека на крајот од денот ќе издвојуваме победа. Многу добро ни дојдоа овие седум натпревари од домашното првенство, се разигруваме и тоа е многу добро за нас пред европските натпревари – вели ракометарот на Е. Пелистер, Павле Атанасијевиќ.

Валтер: Против Пролет одигравме екстремно лошо, но целта против Архус е победа

Македонскиот вицешампион во сезоната 2018/2019 под името Еурофарм Работник дебитираше во тогашниот ЕХФ куп кога во групата „Б“ беше последен со една остварена победа.

Потоа, ЕХФ купот беше заменет од ЕХФ Европската лига, сезоната 2019/2020 беше откажана поради пандемијата на коронавирусот. Во сезоната 2020/2021 Е. Пелистер го освои четвртото место во групата „Д“, а во осминфиналето беше елиминиран со два порази од германскиот Магдебург (24:32, 24:35).

Капитенот на Е.Пелистер: Против Архус да покажеме каква екипа сме кога играме дома

Минатата сезона 2021/2022 исто така во ЕХФ Европската лига ракометарите тогаш предводени од Жељко Бабиќ го имаа најдобриот резултат во групната фаза, односно во групата „Д“ запишаа пет победи за второ место на табелата, но во осминафиналето со два порази (26:29, 21:22) беа елиминирани од хрватскиот Нексе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот