ЕУ не се согласува со забраната на летови на Трамп

Фото: МИА

Европа ги презема сите потребни мерки да се спречи ширењето на вирусот.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел изразија несогласување со одлуката на американската администрација да ги забрани летовите кон и од земјите на ЕУ во наредните триесет дена поради коронавирусот.

-Коронавирусот е глобална криза, не е лимитиран на еден континент и бара соработка наместо еднострано делување. ЕУ не се согласува со фактот што САД одлучи да забрани патувања без консултации, кусо соопштија кабинетите на фон дер Лајен и Мишел.

Во нивната реакција се додава и дека Европа ги презема сите потребни мерки да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, за да се лимитира број на заразени, а се дава и поддршка за истражувачи кои ќе бараат начин за излез од ситуацијата.

Трамп одлучи да воведе забрана за прифаќање туристи од Европа, но не и од Велика Британија која веќе не е дел од блокот и во наредните 30 дена почнувајќи од петок на полноќ ги затвора границите на сите летови од 26 земји од шенген зоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот