ЕУ ќе го одобри лекот „ремдесивир“ за лекување на коронавирусот

Испитувањето на ефективноста на „ремдесивир“ се одвива со висок приоритет во рамките на ЕУ и одлуката би можела да биде донесена во наредните денови.

Откако американската Агенција за храна и лекови деновиве ја одобри употребата на лекот „ремдесивир“ за лекување на оние со тешка форма на КОВИД-19, следејќи го примерот на САД и Европската Унија би можела да ја одобри употребата на лекот за лекување на сериозно болни пациенти од коронавирусот.

– Испитувањето на ефективноста на „ремдесивир“ се одвива со висок приоритет во рамките на ЕУ и одлуката би можела да биде донесена во наредните денови – изјави директорката на одделот за заразни болести во Националната агенција за лекови на Шведска, Шарлота Бергквист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот