ЕУ формира „експертска војска“ за борење против лажниот наратив кој доаѓа од Истокот

Фото : Архива

И највисоките европски, светски институции и меѓунардони организации постојано упатувале на проблемот со лажните вести, дезинформациите и на хибридните закани против демократијата, но тоа секогаш било ставено во „свилени“ дипломатски ракавици и не допирало до јавноста.

Сепак, сегашната одлучност на Западот да се спротистави на источната пропагандна машинерија неодама беше и официјално преставена во ЕУ, каде Брисел соопшти дека експерти за борба со дезинформациите и невистини вести ќе бидат распоредени во мисиите на Унијата низ светот, за да се вклучат во пресметката со лажниот наратив кој го шират низ јавните комуникации и медиумите оние кои го создаваат предводени од Русија и Кина. Според ЕУ за Русија дезинформациите се клучен инструмент во војната во Украина и таа вложува огромни средства кои ги надминаа инвестициите на ЕУ во оваа област.

„Сите наши делегации ќе бидат опремени со експерти за спротивставување на дезинформациите во многу делови од светот, со цел нашиот глас подобро да се слуша“, рече европскиот министер за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел на јавната конференција за дезинформации во Брисел.

Тој додаде дека во последниве години руските инвестиции во зајакнување на нејзината способност да создава и шири лажни вести за да ја продолжи својата агенда, масовно ги надмина европските инвестиции за да се спротивстави на дезинформациите, наведува магазинот Политико.

Жозеп Борел/ Фото: МИА

Како одговор, рече тој, ЕУ и партнерите истомисленици треба да создадат стандардизиран и интероперабилен начин за споделување податоци и анализа на странски кампањи за дезинформација, но и повеќе да се ангажираат со властите ширум светот за да се осигураат дека гласот на ЕУ ќе се слушне.

Дезинформациите „клучен инструмент за војна“

Неговиот говор беше проследен со објавувањето на првиот извештај за манипулација со странски информации и закани од мешање од страна на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), во кој беа анализирани 100 инциденти со дезинформации откриени меѓу октомври и декември 2022 година.

Документот открива дека рускиот систем бил вклучен во 88 случаи со дезинформации во Европа, додека кинеските официјални канали биле активни во 17 случаи. Во меѓувреме беше откриено и дека актери од двете земји работеле заедно во пет случаи. Инцидентите имаа најмалку 30 јазици и беа насочени главно кон насочување на вниманието кон различен актер или наратив или префрлање на вината на други.

„Тие се мајстори за тоа. Тие инвестираат многу. Тие користат илјадници луѓе и тоа го прават на систематски, постојан и индустријализиран начин. Тоа е оружје“, рече Борел.

Повеќето од неодамнешните кампањи на Русија се обидоа да ја префрлат вината за нејзината целосна инвазија на Украина и нејзините последици врз глобалната економија, а особено врз безбедноста на енергијата и храната, врз Киев и неговите западни сојузници.

„Битката на наративот започна со пандемијата, а денес тоа е јасно: оваа војна не ја водат само војниците на бојното поле, таа се води и во информативниот простор, обидувајќи се да ги освои срцата и умовите на луѓето. “, рече Борел, „Русија користи информации, манипулации и мешање како клучен инструмент на оваа војна – зголемена употреба на дипломатски алатки”.

Производството и изработката на содржини засновани на слики и видео беа двете најчести техники што ги користат Русија и Кина за ширење на нивните дезинформации стои во извештајот на ЕЕАС. Тие потоа се споделуваат од широк спектар на актери, вклучувајќи, сè повеќе, формални дипломатски канали.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, на пример, направи повеќе патувања во Африка од почетокот на војната и ги обвини западните санкции за спречување на Русија да извезува земјоделски производи, вклучително и вештачки ѓубрива, со што ја влоши кризата со храна.

Во меѓувреме, Кина ги прошири своите тактики во последниве години со постојано ширење на заговори преку своите дипломати, официјални лица и медиуми контролирани од државата, се вели во извештајот.

Исто така, постојат докази дека Пекинг им плаќа на влијателните на социјалните мрежи, со неоткриени врски со кинеските државно контролирани медиуми или други структури, за да се спротивстават на критиките за прашањата за човековите права во Кина и да ги преобликуваат наративите за теми како Ксинџијанг. Во пишаниот европски документ, исто така, се нагласува дека активностите за дезинформирање и мешање на Кина не се фокусираат само на пропагирање на сопствената порака, туку и на потиснување на конкурентските гласови или пораки кои би го поткопале нејзиниот официјален наратив.

Опасно оружје

Овие две земји инвестираат многу во оваа работа и во неа се вклучени повеќе илјади луѓе , со чија работа е создаден систем и еден вид индустраија за производство на лаги и невистини, што треба постојано да дејствува.

Во Брисел повеќе нема никаква дилема дека ова станува оружје против кое треба итно да се дејствува – пишува во извештајот на ЕЕАС.

Тоа е многу видливо особено сега, во екот на руската агресија врз Украина и војната што Русија ја води на територијата на една странска земја, кога воената кампања на секој начин се настојува да се прикаже на поинаков начин. Вината за инвазијата врз Украина, како и за последиците од неа, врз глобалната економија, а пред се во ситуацијата со енергијата и обезбедувањето храна, да се фрли на грбот на Киев и Западот и неговите сојузници.

Војна за срцето и умот

Во меѓувреме западните медиуми забележуваат дека сега е познато дека битката за обезбедување вистински наратив, за вистинска, а не за лажна информација и против дезинформациите, започна со глобалната пандемија со коронавирусот, со пласирањето ординарни лажни тврдења кои предизвикуваа збунетост кај оние кои ги примаат информациите, а потоа и отпор кон сите мерки кои здравствените власти ги применуваа во борбата со вирусот, а за здравјето на луѓето.

– Но ова сега,  поврзано со војувањето на украинска почва е сосема поинаква битка. Војната против лажните вести, затоа, не се води со војници, на бојно поле, туку на информативниот простор, трудејќи се да се освојат срцето и умот на луѓето- за да веруваат во лагите и невистините, а не во точната информација и во вистинските состојби, бележат повеќето западни медиуми.

Продукција и фабрикација на слики и на видео материјали, беа досега најмногу користена техника за лажни вести и невистинити информации од страна на Русија и Кина, за да пласираат невистини за своте потреби.

Кина потплатува инфлуенсери

Во исто време повеќе истражувања на оваа тема говорат дека многу вешта во оваа техника за ширење на идеологија и лажни наративи најумешно тоа го прави Кина. Имено, оваа земја во изминатиот период користи разни начини, вклучувајќи ги формалните, официјални, дипломатски канали и силично за распределување на своите политики во дигиталната сфера.

Хакери Кина/ Фото: Rokas Tenys / Alamy / Alamy / Profimedia

Тоа го прави Сергеј Лавров, на пример, воинствениот шеф на дипломатијата на путинова Русија кој од почетокот на агресијата врз Украина, на неколку пати беше во Африка- ширејќи дезинформации зашто Москва не им испраќа храна пченица и вештачко ѓубре на земјите од тој континент. Обвинувајќи го секогаш  Западот за тоа што руската страна не може да го направи и испорача она што го ветила.

Кина, пак , користи тактика на конспирација преку нејзините дипломатски мисии , разните државни функционери и нејзините строго контролирани државни медиуми. Освен тоа, Кина дава пари (потплатува) инфлуенсери на социјалните мрежи за да работат- да шират невистини- за кинеските политичко-идеолошки потреби – пишува магазинот Тајпеј Тајмс.

Тоа според магазинот најчесто е поврзано со контрирање на критиките за човековите права (Хонг Конг), или за задушувањето на правата на некинските малцинства во НР Кина особено оние за Ујгурите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот