ЕУ да ги применува Копенхагенските критериуми како што НАТО ги применува стандардите, порача Сиљановска-Давкова
Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхагенските критериуми, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од армискиот полигон Криволак во изјава за медиумите. Таа беше дел од Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“.
Препорачано
Таа се осврна на процесот, во врска со оценувањето на Армијата.
„Денеска сме сведоци, не само ние, туку и нашите гости, дека кога ве оценуваат според конкретни високи стандарди, не може да има импровизациии и вие или ќе ги поминете или не. Мојата порака е она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми. Ако нас нè оценуваат според исполнувањето на Копенхашките критериуми, мислам дека поинакви оценки ќе добиеме. Врочем, ако не се почитуваат високите стандарди, ако се внесуваат двојни стандарди и ако оценувањето не е според исполнувањето на стандардите, туку според барањата и потребите на соседите, имаме сериозен проблем со почитувањето“, нагласи таа.
Според неа, стандардите треба да важат во сите можни институции, вклучувајќи ја и Европската Унија.
„Европски стандарди, високо профилирани армии. Европски стандарди во ЕУ, почитувани Копенхашки критериуми и, се разбира, рамноправни народи и држави во чекорењето напред. Впрочем, ние треба да се усогласиме, да бидеме стандардни во владењето на правото, во поделбата на власта, во човековите слободи и права, значи во сите неопходни претпоставки за европско функционирање на институциите. Е, сега, клучните документи на ЕУ бараат почитување на националните и културните идентитети, почитување на дигнитетот и интегритетот. Повторувам, молам компатибилност за стандардите. Впрочем, не случајно во рамките на НАТО ние сме високо профилирани, иако сме мала држава. Посакувам, доколку сме подведени под стандарди што важат за сите, да ја докажеме исто така нашата компатибилност и со европските политички системи и со стандардите на Европската Унија“, порача претседателката Сиљановска – Давкова.
Нема место за двојни стандарди за процесот во ЕУ, смета Сиљановска-Давкова


