Еспер: Трамп даде директна наредба да се врати чинот на маринецот обвинет за воени злосторства

Фото: ЕПА

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денеска дека претседателот Доналд Трамп директно му наредил да му дозволи на маринец обвинет за воени злосторства во Ирак да се пензионира без да го изгуби статусот „Фока”.

Еспер во изјава во Пентагон нагласи дека тоа е причината што тој синоќа објави дека офицерот на морнарицата Едвард Галагер ќе може да се пензионира со тој чин.

Галагер (40) беше ослободен од обвинението за убиство на затвореник на ИД, но беше осуден од воена порота за позирање покрај неговото тело додека бил во Ирак во 2017 година.

Нему му беше одземен чинот, што Трамп му го врати овој месец.

Еспер го отпушти вчера секретарот на морнарицата Ричард Спенсер, кој, наводно, работел зад грб на „афера” со Белата куќа за решавање на случајот со припадникот на американските „Фоки”, кого го поддржал американскиот претседател Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот