ЕСМ досега потрошиле над 16 милиони евра за струја за декември

Архива на СП

Иако најавено комплетно покривање на потребите за електрична енергија на домаќинствата и фирмите, Електрани на Северна Македонија секојдневно купуваат електрична енергија од слободниот пазар, за која за плаќаат милионски суми од државниот бует.

За струја за првите 18 дена од овој месец, ЕСМ досега потрошиле 16,3 милиони евра, со кои од слободниот пазар се купени 40.600 мегават часови струја. Склучени се четири договори за набавка. Според официјално објавените договори за набавка цената по мегават час се движи од 365 до 470 евра или во просек нешто над 400 евра.

Од државната компанија инфромираат дека наместо планираните 48 илјади мегават часови струја овој месец, од слободниот пазар ќе купи 64 илјади мегават часови струја за кои според неофицијланите проценки ќе се потрошат дополнитено околу 8 милиони евра.

„АД ЕСМ со сопственото производство целосно ги задовололува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО“, соопштија од државната компанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот