Ерик Клептон со новата песна  „Ова мора да запре“ ги критикува ковид мерките

фото: Инстаграм

Популарниот музичар објави нова песна со наслов „This Has Gotta Stop“ со која ги изразува своите  фрустрации против новите мерки во борба против ковид-пандемијата. Славниот рокер изминатите месеци јавно се спротивстави на рестриктивните мерки воведеи поради коронавирусот и вакцините.

Во декември минатата годинка со Ван Морисон ја снимија песната „Stand and Deliver“, една од многуте песни кои тој познат северноирски кантавтор ја  напиша против локдаунот.

Новата песна на Клептон е пропратена со анимиран спот кој  од петокот е прегледан над 650 илјади пати, а  покажува луѓе хипокризирани од медиумите и протестанти со написи „Слобода“ и сл.

„Ова мора да запре. Не можам веќе да ги поднесам овие глупости. Ова ја премина секоја мерка“- пее 76 годишниот  музичар во рефренот на новата песна.

Клептон претходно ги критикуваше одлуките за вакцини против ковид-19, по искуството со вакцината Астра Зенека за која кажа дека резултирала „катастрофални“ последици по неговото здравје.

По првата доза тој имал тешки последици, кои траеле десет дена, објави во мај. По втората доза неговите раце и стапала биле умртвени и речиси две недели не можел да ги  користи.

– Се плашев дека никогаш веќе нема да свирам гитара – изјави тогаш и тврдењата дека вакцините против  ковид се корисни, ги нарече пропаганда.

Во јули Клептон ги откажа концертите  на локациите каде од публиката се бараше да покаже сертификат за вакцинирање, тврдејќи дека тоа е дискриминација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот