Ердоган вети дека ќе продолжи со спасувачките напори

ердоган нато турција
Ердоган / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе продолжи со спасувачките напори и брзата реконструкција на уништените згради, повеќе од една недела по разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја и соседна Сирија.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните кои останаа без домови се справуваат со зимските температури.

– Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под срушените згради“, рече Ердоган доцна синоќа, по состанокот на владата одржан во седиштето на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Проценката на штетите на неколку десетици илјади уништени објекти ќе биде завршена за една недела, а реконструкцијата ќе започне за неколку месеци, тврди турскиот претседател.

– Ќе ги обновиме сите куќи и работни места, уништени или непогодни за живеење поради земјотресот и ќе ги предадеме на нивните вистински сопственици, додаде тој.

Над 105.000 луѓе се повредени во земјотресот, а повеќе од 13.000 се уште се во болници, рече Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот