Епископот Јоаникие и осум свештеници на СПЦ ослободени од притворот во Никшиќ

Митрополит Јоаникие / Фото: МИА

Епископот Будимско-никшиќки Јоаникие и осум свештеници на Митрополијата Црногорско-приморска (МЦП) ноќеска, по полноќ, се ослободени од притвор, соопшти Митрополијата на својата интернет страница .

По неговото ослободување, владиката Јоаникие дојде пред насобраните граѓани пред зградата на обвинителството, кои го поздравија со паролите „да живее епископот”, „не ги даваме светилиштата”.

Епископот пред насобраните кажа дека нивната поддршка е израз на љубовта кон црквата, а МЦП целиот настан од Никшиќ го пренесуваше во живо на својата веб страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот