Епидемиологот Радовановиќ за ситуацијата со високите ковид бројки: Србија моментно е „црна“ зона

Фото: youtube/printscreen

Србија во моментот е „црна зона“, според бројот на нови случаи на ковид-190 на дневно ниво, изјави српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ. Таквиот став го поткрепи со бројот на потврдени инфекции во 24 часа кој, како што рече, е околу 5.000, додека соодносот на позитивни наоди во однос на направени тестови е околу 35 отсто.

– Ние сме во црна зона, доколку ги имате предвид случаите што се потврдуваат на дневна основа, изјави Радовановиќ за ТВ Н1.

Според него, и покрај високите бројки, Србија во моментот функционира со поблаги епидемиолошки мерки, за разлика од други држави на стариот континент, па затоа нагласи дека би било апсурдно да се оди на нивно дополнително ублажување, во услови во кои ситуација е каква што е.

Тој го поздрави потегот на српските власти што ги отворија вратите за вакцинација на државјани од соседните земји, но и пошироко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот