фото: Ракометна федерација на Македонија

ЕП: Романките беа пресилни, кадетките не обезбедија опстанок во А дивизијата

Денеска македонската женска кадетска ракометна репрезентација во натпреварот за 21 место загуби убедливо со 40:25 од Романија на Европското првенство во Црна Гора.

Избраничките на селекторот Даниела Новеска не обезбедија опстанок и испаднаа во Б дивизијата (ЕХФ шампионат 2027).

Сите дилеми беа решени веќе во текот на првото полувреме кога Романките стекнаа позитива од 10:2 и ја одржуваа истата до крајот на натпреварот во салата Морача Подгорица.

Најефикасна во нашата селекција беше Ања Лашкоска со седум погодоци, а пет запиша Марија Димоска.

На спротивната страна Марија Сара Штарк имаше осум голови, а по шест Марија Делија Росу и Марија Ралука Титу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот