ЕП 2022: Балканското дерби за Хрватска, Данците ја прегазија Словенија

Хрватска ја совлада Србија во дербито на второто коло на ЕП 2022/ фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Селекцијата на Хрватска ја совлада Србија во балканското дерби на второто коло од групата Ц со 23:20 на Европското првенство.

Натпреварот беше решен во второто полувреме во кое голманот на Хрватска, Мате Шуњиќ беше нерешлива енигма за српските ракометари. Хрватите првиот дел го добија со 11:9, а во второто полувреме ниту еднаш не дозволија ракометатите на Србија да израмнат, само во 31 минута беше 12:11, а потоа предноста до крајот на средбата се движеше од 3-4 гола. Иван Чупиќ и Иван Мартиновиќ со по шест гола беа најпрецизни, а додека Лука Циндриќ даде три гола. Кај Србија се истакна Богдан Радивојевиќ беше најдобар со пет гола.

Актуелниот светски и олимписки шампион Данска ја прегази Словенија со 34:23 и во главната фаза ќе пренесе два бода, бидејќи во првото коло ја совлада Црна Гора. Блескаа Микел Хансен со осум и Матијас Гидсел со седум беа најдобри кај Данска, додека Борут Мацковшек даде шест гола за Словенија.

Актуелниот европски шампион со 32:28 го совлада светскиот шампион Шведска, додека Русија приреди изненадување победувајќи ја Норвешка со 23:22.

Резултати:
Група А
Македонија – Црна Гора 24:28
Словенија – Данска 23:34

Група Ц
Франција – Украина 36:23
Хрватска – Србија 23:20

Група Е
Чешка – БиХ 27:19
Шпанија – Шведска 32:28

Група Ф
Словачка – Литванија 31:26
Норвешка – Русија 22:23

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот