Фото: Screenshot

Ентони Џошуа по несреќата: Целото тело ме боли…

Британската боксерска ѕвезда Ентони Џошуа се огласи со кратка изјава од болница, откривајќи дека трпи силни болки по тешката сообраќајна несреќа во Нигерија, во која трагично ги загуби животите двајца негови тренери и блиски пријатели.

Според извори блиски до боксерот, Џошуа имал изразени болки, особено во колената, а на пат кон болницата бил видно потресен и не можел да ги задржи емоциите.

„Ме боли целото тело, болката е насекаде“, изјавил накратко Џошуа од болницата.

Иако лекарите потврдуваат дека тој е надвор од животна опасност, Џошуа ќе остане под постојан медицински надзор. Луѓе од неговото најблиско опкружување стравуваат дека трагедијата ќе остави длабоки психички последици кај боксерот, поради загубата на луѓето со кои беше исклучително близок.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот