Ентони Џошуа до крајот на животот ќе се грижи за семејствата на неговите пријатели кои загинаа во несреќата
Боксерската ѕвезда Ентони Џошуа испрати силна и емотивна порака по трагичната сообраќајна несреќа во Нигерија, во која ги загуби животите неговите двајца блиски пријатели, а тој самиот беше повреден. Британецот јавно се обврза дека ќе се грижи за нивните семејства до крајот на својот живот.
Препорачано
Во првата објава на социјалните мрежи по трагедијата, Џошуа напиша само „Чувар на моите браќа“, споделувајќи неколку фотографии кои сведочат за неговата блискост со ожалостените семејства.
На една од фотографиите, Џошуа е заедно со членовите на семејствата на Сина Гами и Латиф „Лац“ Ајоделе. До него е сестрата на Сина, која во рацете држи фотографија од својот брат, како и мајките на двајцата загинати пријатели, заедно со мајката на Џошуа, Јета Одусања.
На друга фотографија, боксерот седи на подот покрај таткото на Лац, Алекс Ајоделе, во сцена која ја отсликува тежината на моментот и меѓусебната поддршка. Објавата беше дополнета со срце и емотикон со воен шлем, симболи на заштита и лојалност.
View this post on Instagram
Нови детали: Возачот со едно барање му го спасил животот на Џошуа во несреќата


